Компанијата Asus ги објави цените за ROG Phone 5S серија на мобилни наменети за гејмери.

ROG Phone 5S серијата е присутна во Тајван од август, а сега доаѓа и на Стариот континент. Ќе биде достапна во три верзии: ROG Phone 5S со 12 GB RAM и 512 GB интерна меморија ќе чини 999 евра, додека за верзијата со 16 GB RAM и 512 GB интерна меморија ќе чини 1099 евра. Најскапиот модел е ROG Phone 5S Pro со 18 GB RAM и 512 GB интерна меморија, а неговата цена ќе изнесува 1299 евра.

ROG Phone 5S и 5S Pro имаат послаби спецификации во однос на ROG Phone 5 и 5 Ultimate кои Asus ги претстави оваа година. И двата имаат Qualcomm Snapdragon 888 Plus процесори, како и 6,78-инчен екран со резолуција од 1080п и фреквенција на освежување од 144 Hz. Ги напојува батерија од 6000 mAh, a позади се три камери вклучувајќи ја и главната од 64 MP.

Иако цените се познати, сè уште не е познат датумот за почетокот на продажбата.

Извор: Klix.ba