Серијата Xiaomi 14 неодамна беше лансирана во Кина, а по тој повод беше објавено и дека ќе има четири големи надградби на Android, како и пет години безбедносни надградби. Некои други модели, сепак, немаат толку среќа.

Кинеската марка ја ажурираше листата на телефони кои повеќе нема да ја добиваат нивната поддршка, а сега има уште три модели.

Таканаречената листа EOS (End of support) сега, според познатиот инсајдер Каспер Скшипек, ги вклучува следните модели: Xiaomi Mi 10T, Xiaomi Mi 10T Pro и Poco X3.

Без разлика што се работи за доста популарни модели, дури и на Балканот, сите три телефони беа претставени во втората половина на 2020 година, па се покриени со тригодишна софтверска поддршка.

Имаа MIUI 12 базиран на Android 10 и подоцна добија Android 11 и Android 12, но тоа е тоа – нема да има повеќе ажурирања на оперативниот систем.