Компанијата Tesla повлекува речиси 12.000 возила продадени во 2017 година во САД.

Повлекувањето се случува поради комуникациска грешка во софтверот која може да предизвика лажно предупредување за судар или одненадеж да го активира системот за автоматско кочење во вонредни околности, објави американската национална управа за безбедност во сообраќајот на автопатите.

Овој производител на електрични автомобили соопшти дека ќе бидат повлечени 11.704 автомобили од моделите S, X, 3 и Y, поради проблем со софтерот ажуриран на 23 октомври кој покажал ограничен ран пристап на возачката команда во текот на потполно автоматско возење, пренесе Ројтерс.

Веќе наредното утро, во Tesla почнале да пристигнуваат пријави на купувачи за лажни предупредувања на судар и автоматсо активирање на кочењето во случај на нужда, поради што копмпанијата покрена истрага и работи на нов софтвер за решавање на проблемот.