Во последно време често слушаме и читаме вести за големите пукнатини во мразот на Антартикот, зголемувањето на температурата на планетата, како и недостигот од храна. За среќа, има и некои добри вести, а доаѓаат од Кина.

Кинеската влада најавува конструкција на најголемата соларна фарма на светот. Односно, земјата ќе работи на креирање на шумски градови, за да се бори со огромното загадување на воздухот.

Дизајниран е од Стефано Боери – човекот што ги дизајнираше и вертикалните „шумски кули“, а се гради во Лиужу, во провинцијата Гвангши. Штом ќе биде комплетиран, во новиот град ќе живеат околу 30.000 луѓе. Но освен тоа, градот ќе апсорбира речиси 10.000 тони јаглерод диоксид и 57 тони загадувачи годишно, а ќе произведува околу 900 тона кислород.

Овие импресивни бројки ќе ги постигне благодарение на милион растенија од околу 100 различни видови, како и 40.000 дрва посадени на фасадите на речиси секоја можна површина.

Новиот шумски град ќе биде поврзан со постоечкиот Лиужу преку неколку брзи железници и електрични автомобили. Ќе има и неколку училишта и две болници. Се планира да се направи и самоодржлив од аспект на енергијата, пред сé благодарение на геотермална и соларна енергија.

Со сето ова земено на куп, шумскиот град ќе помогне да се подобри квалитетот и да се намали температурата на воздухот во реонот, но исто така ќе создаде и звучна бариера (кон градската бучава), и ќе го подобри биодиверзитетот на живите видови – создавајќи животна околина за птици, инсекти и мали животни.

Кинезите се надеваат дека сé ќе оди по планот и ќе биде завршен до 2020-та.