Научници создадоа два ембриона од северниот бел носорог, како дел од напорите да се спаси ова животно од исчезнување, пренесе ДПА.

Во август стручни лица успешно зедоа јајце-клетки од последните две живи женки од овој вид – Наџин и Фату, коишто се наоѓаат во Кенија. Примероците потоа беа испратени во лабораторија во Кремона, Италија, каде што се изврши вештачко оплодување со сперма од угинати мажјаци од истиот вид.

– Сведоци сме на важен настан, по сите пречки со кои се соочивме, кој ни овозможува да ги планираме идните чекори во програмата за спасувањето на северниот бел носорог – изјави Томас Хилдебранд од германскиот Институт за истражувања во врска со животните и дивата природа „Лајбниц“.

– По десетдневен инкубативен период, две од јајце-клетките на Фату се развија во ембриони со својства на нов живот и тие складирани за иден трансфер – изјави Чезаре Гали од лабораторијата „Авантеа” во Кремона.

Сѐ ова е резултат на повеќегодишна програма за размножување на носорозите.

Во Судан последниот машки северен бел носорог угина минатата година.