Xiaomi неодамна ги објави Redmi K20 и K20 Pro телефоните, а оваа недела Европејците ќе ги добијат во форма на моделите Xiaomi Mi 9T и Mi 9T Pro. Лансирањето на овие телефони е закажано за 12-ти јуни.

Додека ние се уште чекаме на официјалната најава на кинеската компанија, 64GB Xiaomi Mi 9T веќе е ставен на листата на популарниот холандски продавач Belsimpel. Цената и опциите што ги нудат провајдерите се за сега непознати.

Ребрендираниот Redmi K20 Pro во Европа ќе се вика Mi 9T Pro, а на некои пазари ќе се појави и како Poco F2 Pro.

Телефонот има 6GB или 8GB RAM меморија, Snapdragon 855 чипсет, 6,39-инчен Super AMOLED дисплеј со резолуција од 2340 x 1080p, три камери (48MP f/1.8 стандардна, 8MP f/2.4 телефото и 13MP f/2.4 ултра широка), како и моторизирана pop-up предна камера од 20MP f/2.2.