Realme потврди дека наскоро ќе го претстави Realme X50 смартфонот со 5G поддршка. Компанијата се уште не го откри конретниот датум на објава, но телефонот веројатно ќе биде официјализиран пред Фестивалот на пролетта во Кина, кој се одржува на 25. јануари.

Оваа информација пристигнува од производниот менаџер на компанијата Realme, во одговор на прашање на страниците на кинеската социјална мрежа Weibo.

Покрај ова, некои корисници го прашаа дали X50 5G ќе користо 120Hz дисплеј, на што беше одговорено: „Доколку би се случило тоа, дали би го купиле?“. Со оглед на тоа дека Realme X50 5G ќе биде смартфон од средниот сегмент, не се големи шансите дека ќе имплементира екран со стапка на освежување од 120 Hz.

Realme веќе потврди дека X50 5G ќе има Snapdragon 765G чипсет, како и дисплеј со punch-hole отвор во горниот лев агол за две селфи камери.