Сите три ровери кои американската вселенска агенција NASA ги има на Марс се разбудија по двомесечна тишина.

Роверот Perseverance ги продолжи операциите по две недели мирување. NASA мораше да угаси некои функции поради соларната конјукција на Земјата и Марс, односно кога планетите беа на спротивни страни на Сонцето.

Се разбуди и првиот кинески ровер на Марс, со кој Кина не можеше да комуницира во текот на соларната конјукција. Роверот собира важни информации за планетата, а Кина има намера да испрати сонда на Јупитер во блиска иднина.

Роверот Perseverance се разбуди и веднаш почна да се движи по површината на Црвената планета.

Во текот на изминатиот месец имаше проблеми во комуникацијата поради пречки предизвикани со радијацијата на Сонцето, тоа се случува кога Земјата и Марс се на спротивни страни на Сонцето.

Извор: Klix.ba