Ретки се ситуациите во кои астрономите ќе забележат астероид веднаш пред неговото влегување во Земјината атмосфера, а сега е забележан петтиот таков случај.

Станува збор за астероидот 2022 EB5, кој на 11 март го забележа астрономот Кристијан Сарнецки. Тој забележал мал објект помош на телескопот Шмит на станицата Пискестето во Унгарија, а два часа подоцна астероидот навлегол во атмосферата на Земјата северно од Исланд. Астероидот бил широк три метри и се движел со брзина од речиси 18 километри во секунда.

Што се случило на крајот не е познато, но се верува дека астероидот 2022 EB5 изгорел во атмосферата или паднал на Арктикот. Доколку изгорел, не се знае дали дел од неговите фрагменти завршиле на тлото.

Меѓународната организација за метеори бара информации од сите кои можеби биле сведоци на влегувањето на метеорот 2022 ЕB5, а познато е дека блесокот го забележале или слушнале неколку луѓе во Исланд.

Повеќето астероиди во Сончевиот Систем орбитираат околу Сонцето во голем прстен помеѓу орбитите на Марс и Јупитер. Оваа област се нарекува Астероиден појас и се проценува дека содржи повеќе од 200 астероиди со дијаметар поголем од 100 километри. Исто така, има 1,9 милиони астероиди поголеми од еден километар во дијаметар и милиони помали.

Иако судирите се ретки, илјадници мали фрагменти од метеорити ја погодуваат Земјата секоја година. Повеќето не биле предвидени претходно и не се пријавуиваат бидејќи паѓаат во ненаселени области или во океани.

Извор: Кlix.ba