Веќе подолго време кружат информации дека Oppo го подготвува својот прв флексибилен телефон, а се сугерираше дека ќе биде претставен во некој момент оваа година. Новите гласини од Кина сугерираат дека смартфонот се очекува во текот на ноември.

Флексибилниот телефон на Oppo, наводно, ќе има внатрешен дисплеј од 8 инчи со брзина на освежување од 120Hz и LTPO технологија (што веројатно значи дека е создаден од Samsung). Уредот би требало да го покренува Qualcomm Snapdragon 888 чипсет.

Дојавувачот сугерира и дека флексибилниот телефон на Oppo нема да биде евтин, што не е изненадување. Останува да се види и дали ќе биде достапен на глобално ниво, со оглед на тоа што се очекува да дебитира на кинескиот пазар.

Претходните гласини споменуваа и постоење на главна камера од 50 MP на задната страна, со Sony IMX766 сензор, како и селфи камера од 32 MP. Сензорот за отпечатоци би се наоѓал од страната на рамката.