Едно од подобрувањата кое Apple не го спомена во текот на iOS 11 презентацијата е ажурираниот интерфејс за скриншотови. Со оглед на тоа колку често креирема скриншотови, интересно е да се видат сите подобрувања што Apple ги вклучи во новата верзија на iOS.

За почеток, секој пат кога корисникот ќе сака да креира скриншот, сликата оди на дното на екранот, каде што стои некое време, чекајќи на интеракција или исчезнува доколку корисникот не направи ништо со неа. Со отворањето на скриншотот се покренува интерфејс во рамките на кој е можно да се црта, кропира и да се извршуваат други основни работи. Потоа е можно да се споделува, сочува или да се избрише. Сите дејства е можно да се извршуваат и со повеќе скриншотови истовремено.

На iPad, исто така е можно да се повлекуваат еден или повеќе скриншотови во друга аплиакција и таму да се копираат. Оваа опција не е достапна кај iPhone моделите.