Најочекуваниот телефон на Apple секако е iPhone 8, но компанијата од Купертино подготвува уште два мови модела – iPhone 7S и iPhone 7S Plus. За iPhone 8 веќе дознавме скоро се, а сега се појавија фотографии и од iPhone 7S Plus моделот.

Прототипот на телефонот се појави на фотографии, прикажувајќи дизајн што не се разликува премногу од актуелниот модел. Уредот користи стакло наместо алуминиум, кое ќе помогне при подобро безжично полнење, а видливо е дека нема ни антени на задната страна, бидејќи сигналите оминуваат низ стаклото без интерференција.