Honor во понеделник ќе претстави нов телефон со поволна цена, под името Play 5 Vitality, а четири дена подоцна ќе пристигнат два нови уреди – Honor X30 Max и Honor X30i. Дизајнот на телефонот беше откриен на мрежата Weibo, каде што Honor потврди дека ќе бидат претставен на 28 октомври.

Honor X30i веќе се појави на интернет, а телефонот би требало да има Dimensity 810, 6,7-инчен LCD екран со Full HD+ резолуција и батерија од 4000mAh со поддршка за 22,5W брзо полнење.

Интересно е што Honor X30 Max на прв поглед изгледа како Honor X10 Max, а телефонот би требало да има 7,09-инчен Full HD+ екран, Dimensity 900 чипсет и простор за складирање до 256 GB.

Телефоните ќе бидат објавени на време за големиот шопинг ден во Кина, кој се одржува на 11 ноември и е познат како Singles’Day.