Google конечно и официјално ја претстави својата нова Pixel серија телефони – Pixel 6 и Pixel 6 Pro. Се чини дека новите уреди се дизајнирани да се натпреваруваат со најсилните модели од Samsung и Apple, само по малку подостапни цени.

Pixel 6 има почетна цена од 600 долари (8 GB RAM меморија + 128 GB меморија), додека Pixel 6 Pro има почетна цена од 900 долари (за 12GB RAM меморија и 128 GB меморија).

Новата Pixel 6 линија изгледа различно од претходните модели, во голема мера благодарение на големата лента за камерите на задната страна. Постои систем со две камери за Pixel 6 (широк и ултра-широк сензор), додека Pixel 6 Pro додава и телефото сензор. На двата модела, главната камера има резолуција од 50MP со филтер со quad-bayer филтер и големи пиксели. Втората ултраширока камера е традиционален 12MP сензор со отвор f / 2.2, додека Pixel 6 pro исто така има 48MP сензор со 4x оптички зум. Камерите можат да снимаат и 1080p и 4K видео со 30 или 60 FPS, и се карактеризираат со бројни функции и оптичка стабилизација на сликата.

Од предната страна има различни сензори за двата телефона. Pixel 6 има камера од 8MP со отвор f / 2.0, додека Pixel 6 Pro добива 11,1-инчна камера со големи пиксели и отвор f / 2.2. Предната камера се наоѓа во punch-hole отвор во центарот на горниот дел од екранот. Google ги опреми телефоните i со сензор за отпечатоци од прсти под екранот, што е првпат за Pixel серијата.

Веројатно најинтересната карактеристика на новите Pixel телефони е Tensor процесорот на Google. Компанијата истакнува дека процесорот е 80% побрз од оној на Pixel 5, а нуди и AI поддршка за побрзо и попрецизно препознавање на глас и обработка на слика. Tensor е осумјадрен чип, со две ARM Cortex-X1 јадра @ 2.8GHz, четири Cortex A76 јадра @ 2.25GHz и четири A55 јадра од 1.8GHz.

Кога е во прашање дисплејот, Pixel 6 има OLED екран со големина од 6,1-инчи (2400x1080p, 411 ppi), додека Pro користи 6,7-инчен дисплеј (3120x1440p, 512 ppi). Дисплејот на Pixel 6 Pro го краси освежување до 120Hz, додека стандардниот модел има 90Hz екран.

Pixel 6 и Pixel 6 Pro пристигнуваат во три различни бои. Двата уреда имаат Stormy Black монохромна варијанта, додека Pixel 6 има Sorta Seafoam и Kinda Coral верзии, a Pixel 6 Pro нуди Cloudy White и Sorta Sunny варијанти.

На полето на батериите Google ветува повеќе од 24 часа користење со едно полнење, дури и кога телефоните се поврзани на 5G мрежата. Pixel 6 има 4614mAh батерија, додека 6 Pro користи 5003mAh. Новиот Android традиционално дебитира на најсвежите Pixel телефони, а таков е случајот и со Android 12 верзијата на софтверот.

Google Pixel 6 серијата телефони моментно е достапна во претпродажба, а во продавниците ќе се најде од 28. октомври на селектираните пазари.