Meizu го навестуваше својот Note 9 со недели наназад, а телефонот сега е официјализиран. Новиот модел од средниот сегмент пристигнува со 48 MP камера на задната страна и засек во облик на капка од предната страна.

Телефонот го покренува Snapdragon 675 чипсет, со осумјадрен CPU@2GHz. Со чипсетот доаѓа 4GB или 6GB RAM меморија, како и 64GB или 128GB простор за складирање. Изгледа дека телефонот нема слот за microSD картичка.

Веројатно најсилната точка на Meizu Note 9 моделот е 48MP f/1.7 камера со Samsung GM1 сензор. Покрај неа пристигнува 5MP сензор за depth sensing и портрет фотографија. Селфи камерата има резолуција од 20 мегапиксели.

Останатите спецификации вклучуваат Flyme 7.2 UI, базиран на Android Pie, батерија со капацитет 4000mAh со 18W брзо полнење преку USB-C порт. Од GPU бустерите присутни се Hyper Gaming и Game Mode 3.0.