Facebook планира да го промени своето трговско име следната недела, објави порталот The Verge, повикувајќи се на „добро информиран извор“.

Целта, наводно, е сосредоточеност на концептот на извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг.

Цукерберг, наводно, планира да говори за промената на името, на годинешната конференција на компанијата на 28 октомври, но веста може да биде објавена и порано.

Ребрендирањето најверојатно ќе го постави Facebook како еден од повеќето производи на „компанијата мајка“, која исто така ги поседува и Instagram, Whatsapp и други. Засега не се соопштува кое е новото име.