Американската вселенска агенција NASA лансираше ново летало викендов. Роботското вселенско летало наречено Lucy беше испратено во вселената за да ги истражи астероидите околу Јупитер, но беа откриени проблеми со еден од двата главни сончеви панели, кои се клучни за собирање сончева светлина и генерирање енергија за 12-годишното патување низ Сончевиот Систем.

Lucy полета во саботата, 16 октомври, а до астероидите треба да стигнат до 2027 година. Но, еден од панелите не се расклопи целосно. Што значи ова за иднината на мисијата сѐ уште не е познато, но NASA соопшти дека тимот работи на анализа на проблемот и одлучување за следните чекори. Во меѓувреме, двата соларни панели генерираат енергија и ја полнат батеријата, така што проблемот се чини дека засега нема негативно влијание.

„Сите други системи функционираат нормално. На сегашната височина, вселенското летало Lucy може да продолжи да работи без опасност по безбедноста”, се вели во пораката на NASA.

Сепак, неправилно расклопен сончев панел може да направи проблем кога Lucy ќе биде подалеку во Сончевиот Систем. Леталото трипати ќе орбитира околу Земјата за да ја искористи нејзината гравитација. Треба да посети седум астероиди, како и еден во главниот појас. Леталото има долг пат, и собирањето сончева енергија е клучно.