Европскиот регулатор рече дека ја проценува употребата на вакцината Pfizer/BioNTech против Ковид-19 кај деца од 5 години.

ЕМА објави дека ќе ги анализира податоците, вклучувајќи ги и резултатите од студијата која е во тек, за вакцина која се дистрибуира под називот „comirnaty“. Таа е веќе одобрена за деца постари од 12 години во САД и ЕУ.

Вакцината која се дава во 2 дози произведува силен имунолошки одговор кај деца од 5 до 11 години, покажа клиничко истражување во кое учествуваа 2268 учесници.

Pfizer/BioNTech ги предадоа податоците за одобрување на вакцината кај деца на оваа возраст.

ЕМА ќе отвори уште два производствени капацитети во Италија со што ќе произведуваат до 85 милиони дополнителни дози за ЕУ 2021.