Иако поминаа само пет месеци откако Oppo ја објави својата Reno6 серија телефони, компанијата наводно веќе се подготвува да ја претстави Reno7 серијата на кинескиот пазар.
Според последните информации, стандардниот Oppo Reno7 5G ќе има 6,5-инчен OLED дисплеј развиен од BOE. Екранот треба да ја задржи FHD+ резолуцијата, освежување од 90Hz и поддршка за 10-битна длабочина на бои.
Во секторот на фотографирање Reno7 5G ќе има систем со три камери, кој го сочинуваат Sony IMX766 главниот сензор од 50MP, ултраширок сензор од 8MP и монохроматски сензор од 2MP. Од предната страна ќе се најде Sony IMX615 камерата.
Телефонот ќе го покренува осумјадрениот чипсет Dimensity 920, со RAM меморија до 12 GB и простор за складирање од 256 GB. Уредот ќе го напојува батерија од 4500mAh, со поддршка за 65W SuperVOOC 2.0 технологија за брзо полнење.
Кога станува збор за дизајнот, Oppo Reno7 5G би требало да ги задржи рамните рабови, слично на она што го видовме кај актуелниот уред. Очекуваната цена на телефонот е околу 465 и 515 долари за варијантите 8GB+256GB и 12GB+256GB.