Некој на јавноста и го откри следниот наследник на серијата Oppo Reno. Протекувањето покажува дека Oppo Reno7 има нов систем на камери, а некои спецификации и карактеристики се забележани и на интернет.

Овој уред на Oppo ќе биде во следната премиум серија наречена Oppo Reno. Според информациите, делува како одличен уред, а покрај тоа изгледа многу убаво и сигурно ќе привлече големо внимание

Како што можете да видите на референтната слика, уредот изгледа многу убаво. Главниот дел од смартфонот ги следи стапките на iPhone 12 серијата на Apple. Уште повеќе, гледаме рамна позадина со сличен стил, испакнат дел од камерата, а особено рамни сјајни страни и мат задно стакло, пренесува Techboilers. Сепак, телефонот изгледа и прилично мал, што укажува дека ова е основниот модел.

Испакнатоста на камерата е двобојна со четири видливи сензори. Брендирањето е многу мало, само едно мало лого може да се забележи на долниот десен дел од уредот.