LG произведе нова безжична правосмукалка наречена LG CordZeroThinQ A9 Kompressor Plus, која што автоматски се празни.

Станицата за полнење на правосмукалката е опремена со целосно автоматски систем за отстранување прашина, кој го вшмукува и празни резервоарот на правосмукалката, додека се полни.

Слично решение е видено и кај некои други роботски правосмукалки, како што е iRobot Roomba i7 Plus, но решението на LG е уникатно во светот на безжичните правосмукалки.

Станицата за полнење е опремена со екран осетлив на допир, а исто така содржи неколку додатоци за правосмукалката потребни за различни намени. Со правосмукалката доаѓаат и две батерии и филтри кои може да се исперат.

Засега не е познато кога ќе почне продажбата, ниту колку ќе чини правосмукалката.