Според неодамнешните гласини, се сугерира дека Apple ќе имплементира засек во екранот на претстојниот, редизајниран MacBook Pro модел, каде што ќе биде сместена предната камера и други сензори. Сега има информации дека компанијата би можела да го примени овој дизајн на повеќе од своите лаптопи во иднина.
Во најновиот објава на еден форум, се посочува дека Apple и на MacBook Air 2022, исто така, ќе имплементира засек (notch) во дисплејот. Apple минатата година го освежи MacBook Air, а лаптопот беше дел од првиот бран уреди што го добија M1 чипсетот. Сепак, лаптопот го задржа претходниот дизајн.
Сега гласините споменуваат дека Apple се очекува да го редизајнира MacBook Air, кој треба да добие воедначен дизајн, со порамни рабови, нови опции на бои и друго. Покрај ова, сега се споменува и додавање засек во дисплејот.
Досега, немаше докази во macOS дека Apple се обидува да го редизајнира оперативниот систем за да биде прилагоден на засекот, така што споменатите информации е потребно да се земе со доза на резерва.