Тајванската компанија Acer се најде на укар на хакери.

Хакерската група Disorden тврди дека украла 60 GB податоци од серверот на Acer во Индија и дека се работи за податоци од клиенти, но и купувачи и продавачи.

Хакерите моментално бараат купувачи за украдените податоци – се започна со фалење на еден форум.

Тие објавија видео на форумот на кое се прикажани украдените податоци. Како доказ, тие објавија податоци од 10.000 клиенти на видеото.

Acer потврди дека биле нападнати и дека податоците на нивните клиенти се во видеото.

Пред седум месеци, Acer исто така беше нападнат и тогаш тие мораа да и платат на хакерската група Revil дури 50 милиони долари за да ги купат податоците.

Ќе видиме што ќе направат сега.

Извор: B92.net