Голем број познати деловни луѓе, вклучувајќи го и самиот Марк Цукерберг ја покриваат камерата на своите лаптопи. Како што стојат работите, не станува збор за обична параноја без причина.

Меѓу нив е и поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Ками, кој во едно неодамнешно интервју изјави дека „секогаш е паметно да покрие камерата со лента“.

Исто така, мината година се појави и фотографија од Марк Цукерберг, а во позадина може да се види неговиот лаптоп на кој камерата е покриена со лента.

Параноја или оправдано сомневање?

Иако е сосема логично хакерите да се обидат да дојдат до компјутерите на директорот на ФБИ и Марк Цукерберг, прашањето е дали и обичните луѓе треба да стравуваат. Еден од мотивите би можел да биде уцена, односно хакерот може да ве сними во некој незгоден момент и потоа да го искористи за да добие нешто од вас.

Единствен начин на кој тоа може да го направи е да воспостави контрола над целиот компјутер.

Тоа значи дека хакерската процедура е слична на другите облици на напад на далечина и вклучува наведување на корисникот да кликне на лажен линк. На тој начин компјутерот инсталира програма која на хакерот му овозможува пристап. Не се надевајте дека ќе можете да препознаете што се случува.

Како да се одбраните?

Можете да се заштитите на тој начин што ќе го затворите лаптопот ако не го користите, преземајте ги најновите ажурирања на анти-вирусот кој го користите и останатите безбедносни програми, редовно чистете го компјутерот од malware и избегнувајте да кликате непроверени линкови.

Ако и после сите мерки за претпазливост стравувате од шпиoн, покријте ја камерата со лента токму онака како што направил Цукерберг.