Се појави фотографија, која наводно го прикажува претстојниот Redmi 9 телефон. Redmi 9 би требало да биде достапен смартфон, а се очекува дека ќе има четири камери на задната страна.

Изворот на фотографијата укажува на 13МP главна камера, 8MP ултраширока, 5MP макро и 2MP сензор на длабочина. Претпоставка е дека трите главни камери се поставени вертикално, додека сензорот за длабочина е сместен од страна, покрај блицот.

Конфигурацијата на камерите е концептуално слична на пнаа на уште еден достапен смартфон со четири камери – Realme 6i. Телефонот е неодамна претставен и има поголем сензор на главната камера отколку Redmi 9 (48MP наспроти 13MP), но послаб макро сензор (2MP наспроти 5MP).

Се сугерира и дека Redmi 9 би можел да користи Mediatek Helio G80 чипсет (истиот кој го има и Realme 6i).