OnePlus неодамна објави дека OnePlus RT телефонот ќе го претстави на 13. октомври, а сега компанијата ги потврди главните спецификации на уредот.
OnePlus 9 RT ќе користи Snapdragon 888 чипсет, со LPDDR5 RAM и UFS 3.1 складирање. Ќе поддржува 120Hz E4 екран и ќе има 4500mAh батерија со 65W полнење.
Компанијата не истакна колку RAM ќе има телефонот, но благодарение на претходниот Geekbench листинг, знаеме дека ќе поддржува 12GB меморија. Но, се очекува и верзија со 8GB RAM.
OnePlus додаде дека 9 RT ќе има две опции на бои, како и дека ќе се најде во продажба од 19. октомври. Повеќе детали за телефонот ќе бидат познати на 13. октомври, во текот на официјалната објава.