Windows 11 почна да се испорачува до клиентите пред речиси една недела, но платформата се уште е во развој. Компанијата веќе ажурираше некои изворни апликации, како што се Paint, Clock и Photos. Сега има информации дека Microsoft ја редизајнирал и апликацијата Notepad за Windows 11.

До информацијата дојде @FireCubeStudios, која објави и скриншотови од изменеиот кориснички интерфејс. Паѓачкото мени во новиот Notepad за Windows 11 сега го сочинуваат само File, Edit и View опциите. Windows 10 верзијата има и Format и Help, како засебни опции. Новиот Notepad ги има сите опции во рамките на поедноставеното мени, додека видлив е и главниот дизајн што го краси Windows 11, со заоблени рабови

Објавен е и скриншот со Settings страницата, а има неколку интересни опции за конфигурирање. Тука е темата на апликацијата, што сугерира дека Microsoft би можел да понуди некои можности за персонализирање во Windows 11. Потоа имаме опција за менување на искуството на обработка на фајлови, со начин на кој текстот е рендериран и опцијата на префрлање на Classic искуство во апликацијата.

Новиот Notepad се уште е официјално потврден од Microsoft и се уште е во фаза на активен развој. Моментно не е познато дали и кога новиот Notepad ќе биде и конечно имплементиран во Windows 11.