Досега немаше многу информации за претстојната Xiaomi Redmi K50 линија, но благодарение на дојавувач од Кина, сега ги имаме главните спецификации за најмоќниот член на ова семејство – моделот Redmi K50 Pro+.

Се очекува дека Xiaomi Redmi K50 Pro+ ќе го покренувасе уште необјавениот Snapdragon 898 чипсет, а ќе го напојува батерија од 5000mAh. Екранот ќе има центриран punch-hole отвор за селфи камерата и сензор за отпечатоци од прст под екранот.

На полето на камерите се очекува главен сензор од 108MP, заедно со перископ телефото камера. Ако овие информации се покажат како точни, K50 Pro+ ќе биде вистински премиум смартфон.

Бидејќи ќе го користи Snapdragon 898 чипсетот, не се очекува дека ќе го видиме Xiaomi Redmi K50 Pro+ во продажба во текот на оваа година. Qualcomm обично ги објавува своите премиум чипови на крајот на годината, а првите уреди што ги користат ќе се појават на почетокот на следната година (во овој случај, тоа ќе биде почетокот на 2022 година).