Роботите што ги видовме последниве години од Boston Dynamics  докажаа колку е постигнат напредок досега во областа на роботиката, како и нивниот голем потенцијал на овој пазар.

Овие роботи ја воодушевија публиката со своите способности и моделите како Spot исто така делуваат доста страшно.

Додека роботите на Boston Dynamics можат да извршуваат одредени функции – трчаат, прават салто и носат палети, сѐ уште не можат да летаат.

Друг робот може да се пофали со оваа функција – Leonard (LEgs ONboARD drOne), односно Leo.

Научниците од Калифорнискиот технолошки институт (Caltech) кои го направија, за него велат дека станува збор за комбинација на робот со долни екстремитети и дрон, а инспирацијата за неговиот развој ја добиле од птиците.

Имено, птиците совршено се снаоѓаат во воздухот, a исто така можат да одат и да скокаат, па Caltech се обидоа да направат нешто слично.

Резултатот од нивниот проект е прототипот Leo кој, според тоа, може да оди и да лета, па дури и да се движи по жица и да вози скејт.

Од Caltech велат дека ова е првиот робот што ги користи двете нозе и пропелер за да се движи за да постигне добар степен на контрола врз неговата рамнотежа.

Со своите способности, Leo дополнително ги замаглува границите помеѓу хуманоидни роботи и беспилотни летала и со своите движења лесно може да се прилагоди на секој терен.

Следниот чекор во неговиот развој се опциите за автономно движење, за да може да се движи самостојно и да избегнува пречки.

Интересно, тимот научници кои работат на Leo веруваат дека со својата способност да оди и да лета, ова би можело да биде идеалниот робот што ќе се користи на Марс, а концептот би можело да биде направен врз основа на хеликоптерот Ingenuity.

Извор: B92.net