На 11. ноември оваа година излегува новата верзија на популарната видео-игра GTA V за Sony Playstation 5, Xbox X и Xbox S гејмерските конзоли, соопшти компанијата Rockstar.

Во молентов, оваа игра може да се игра само на постарите конзоли.

GTA V ќе биде бесплатна од ноември 2021 до февруари 2022 година на Playstation 5, соопшти Rockstar.

Што се однесува до Xbox X и Xbox S, за да може да се игра онлајн ќе мора да се плати целосната верзија на играта.

Rockstar соопшти дека играчите на овие конзоли ги очекуваат многу изненадувања и додатоци во игрите.

Исто така, подготвуваат и изненадување за 20 годишнината од излегувањето на GTA III.