Тим аматерски вулканолози го посетија вулканот Кракатау и беа сведоци на неверојатни сцени, но и на опасни ситуации, пишува RT.

Геоф Меклеј успеа да сними неверојатни снимки во текот на посетата. Роден во Нов Зеланд, тој е познат како човекот кој минува низ бури и посетува вулкански кратери ширум светот.

Неодамна, Меклеј и неговиот тим за малку ќе станеа жртви на ерупција при посета на вулканот Кракатау. Иако претходно беше ставена забрана на околу 3 километри од вулканскиот остров, изгледа дека Меклеј не го знаеше тоа. Токму затоа налета на кризно место и за малку ќе настрадаше.

Кракатау бил мал остров во Индонезија, разнесен од силна вулканска експлозија во 1883 година. Станува збор за една од најсилните експлозии што ги памети човештвото. Во неа загинале неколку десетици илјади луѓе, а било предизвикано и цунами. Во 20 век вулканот изродил нов остров наречен „Детето на Кракатау“.