Компанијата OnePlus ја претстави Cyberpunk 2077 Edition варијантата на својот најнов премиум телефон – OnePlus 8T. Смартфонот засега е достапен во Кина во лимитиран број на примероци.

Во однос на стандардната верзија на телефонот, разликите се најочигледни во дизајнот. На задната страна е зголемениот модул за камери, кој сeга го содржи и Cyberpunk 2077 логото. Другиот покрив од стакло содржи уште едно Cyberpunk 2077 лого во дното, додека средината делува како „OnePlus sandstone” дизајн.

Пакувањето на оваа верзија на телефонот вклучува и OnePlus 65W полнач, кој на себе има Cyberpunk 2077 лого, но со исклучок на тоа, не би требало да има други разлики.

На крајот, заштитната футрола во кутијата е исто така присутна, со засеци за стаклените панели на задниот дел. Во пакувањето пристигнуваат и прилагодени теми на корисничкиот интерфејс, позадини и соодветни икони во стилот на Cyberpunk 2077.