Кинескиот гигант Huawei не се откажува од европскиот пазар и наводно наскоро ќе претстави два нови телефони од серијата Nova. Според WinFuture“ тоа треба да бидат Nova 8i и Nova 9, а најверојатно и двата модела ќе пристигнат без GMS поддршка како и сите неодамнешни телефони на Huawei.
Nova 8i има 6GB RAM и 128GB простор за складирање и наводно ќе чини 350 евра, додека неодамна објавениот Nova 9 ќе има 8GB РАМ и 128GB меморија, по цена од 550 евра. Нема информации кога двата телефони би можеле да се најдат во продажба.
Двата Nova телефони ќе го користат HarmonyOS 2 и ќе имаат 4G конекција. Тие се напојуваат со батерија од 4.300mAh, со поддршка за брзо полнење од 66W. Nova 8i работи со чипсетот Snapdragon 662, додека Nova 9 го користи Snapdragon 778G во 4G варијанта.
Huawei Nova 9 има 6,57-инчен OLED3 дисплеј со брзина на освежување од 120Hz и главна камера од 50MP на задната страна. Nova 8i нуди 6,67-инчен LCD екран со пресек за селфи камера од 16MP, додека на задната страна е главната камера од 64MP.
Huawei објави соопштение во кое го објави настанот, што ќе се одржи на 21. октомври воВиена, за време на кој ќе бидат претставени новите смартфони од Nova серијата. Останува да видиме за кој од двата споменати модели конкретно станува збор и дали ќе бидат објавени Nova 8i и Nova 9.
Извор: Benchmark.rs
Поврзани артикли