Помина извесно време откако Nokia го претстави својот најнов таблет, но изгледа дека компанијата сака да се врати на пазарот на кој доминира Аpple со своите iPad модели.

Nokia Mobile твитер профилот  објави тизер, кој укажува на 6 октомври, кога треба да биде објавен новиот таблет на Nokia. Засега, речиси ништо не се знае за уредот, иако твитот сугерира дека ќе понуди се што очекуваме од телефоните на Nokia, само во форма на таблет.

HMD Global редовно објавува смартфони на Nokia, но главно се фокусира на буџетските уреди. Тоа би можело да значи и дека таблетот на компанијата ќе биде наменет за долниот или средниот сегмент на пазарот, и ќе биде доволно евтин за да привлече масовни корисници.

На крајот, останува да видиме дали ова ќе биде Android уред, или Nokia можеби планира да издаде таблет уред со Windows.