Realme пред околу еден месец ги претстави Realme 8i и 8s во Индија, а Realme 8i моделот сега конечно пристигнува во Европа. Ова го потврди потпретседателот на компанијата, Мадхав Шет.

Уредот ќе биде достапен во Европа од 14. октомври и ќе биде првиот модел на континентот што ќе користи MediaTek Helio G96 чипсет, и во исто време ветува брзина на освежување од 120Hz по ниска цена.

Телефонот во моментов се нуди во Индија по цена од околу 160 евра, но се очекува локалните даноци да доведат до малку повисока цена во Европа.

Покрај гореспоменатиот чипсет, Realme 8i има и 4GB/6GB RAM и 64GB/128GB простор за складирање, со можност за проширување преку слот за microSD картички.

Телефонот има 6,6-инчен LCD екран, со Full HD+ резолуција и 100% покриеност на DCI-P3 спектарот на бои, со споменатата стапка на освежување од 120Hz.

На задната страна е главната камера од 50MP f/1.8, со 2MP f/2.4 B&W и 2MP f/2.4 макро сензори за макро. Батеријата има капацитет од 5000mAh, со поддршка за 18W полнење.