Huawei го претстави MateBook 14s лаптопот, кој може да се пофали со 11. генерација на Intel Tiger Lake процесори со 54W TDP и екран со брзина на освежување од 90Hz.
Лаптопот има алуминиумско куќиште, тежи 1,43 килограми, а дебелината на уредот е 16,7 милиметри. Процесорот се лади со два вентилатори и две проводни топлински цевки.
Можно е да се избере помеѓу модели со Intel Core i5-11300H и Core i7-11370H процесор, а двата имаат четири јадра и осум нишки, со Intel Iris Xe графика. Core i7 моделот има L3 cache (12MB наспроти 8MB) и 95 EU (наспроти 80 на другиот модел).
Основната конфигурација содржи 8 GB двоканална LPDDR4X RAM меморија, но можно е да се добие надградба до 16 GB. Исто така, основниот простор за складирање од 512 GB може да се надополни до 1TB.
Од предната страна се наоѓа дисплеј од 14,2 инчи, со резолуција 2520 x 1680p (3:2 однос, 213 ppi), стапка на освежување на екранот до 90Hz, осветленост од 400 нита, контраст од 1500:1 и 100% sRGB покриеност на бои.
Huawei MateBook 14s има два USB-C порта за пренос на податоци и полнење, како и DisplayPort. Тука е и USB-A 3.2 Gen 1 портот, HDMI со целосна големина и 3,5 мм приклучок. За безжична конекција се задолжени Wi-Fi 6 (ax) со 2×2 MIMO, Bluetooth 5.1 и брзо спарување на Bluetooth слушалки.
Лаптопот работи под Windows платформата, но има инсталиран и AppGallery, што овозможува и покренување на Android апликации. Оние кои имаат таблет со HarmonyOS 2.0, можат да го поврзат со лаптоп и да го користат како секундарен екран. Можно е и повлекување фајлови помеѓу двата уреда, како и контролирање на таблетот преку тастатурата во тракпадот на лаптопот.
MateBook 14s го напојува 60Wh батерија, а има и 90W USB-C полнач. Huawei MateBook 14s ќе биде достапен во Spruce Green и Space Gray варијанти на бои, по цена од околу 1100 долари за i5 моделот со 16GB RAM и 512GB складирање. Моделот со i7 процесор (16/512GB) ќе чини околу 1240 долари. Лаптопот во Велика Британија пристигнува од 27. октомври, а потоа и во останатите делови на Европа.
Поврзани артикли