Microsoft продолжува да ја подобрува својата апликација Notepad, која сега добива функција слична на она што Word веќе ја има – бројач на знаци.

Бројачот на знаци ќе биде прикажан во статусната лента на Notepad, а покрај ова популарната апликација добива и некои други подобрувања.

Корисниците ќе можат полесно да пристапат на Notepad од File Explorer. Ќе бара и помалку кликови бидејќи пристапот ќе се врши со десен клик на текстуалната датотека, по што се избира опцијата „Edit in Notepad“.

Кога станува збор за бројачот на знаци на Notepad, тој ќе врши двојна функција. Стандардните поставки го прикажуваат вкупниот број на знаци на документот во полето за статус. Можно е да се прикаже посебен број на знаци за одреден текст што е избран во документот, заедно со бројот на знаци од целиот документ.

Notepad за Windows 11 доби или ќе добие некои други подобрувања, кои вклучуваат додавање табови, работа во темен режим, како и автоматско зачувување на содржина без pop-up прозорци.

Ажурирањето за Notepad е достапно во тест фаза, за корисниците на каналите Dev и Canary, но сигурно е дека во одреден момент ќе стане достапно за сите.

Notepad целосно ќе го замени WordPad, кој ќе биде повлечен во следното ажурирање на Windows, според најавите од Microsoft.