Asus ZenBook Pro има нова функција која вклучува екран на допир со големина на паметен телефон наместо тракпад. Новата функција се очекува да го олесни користењето на уредот и да воведе нов тренд во дизајнот на лаптоп компјутерите.

За разлика од лимитираните тачбарови кај MacBookPro, новата функција на Asus се наоѓа каде што обично е поставен тачпадот и функционира исто како неа. Оваа функција е првата светска паметна подлога за допир, бидејќи, може да служи како мултифункционален екран на допир, нешто како упростен паметен телефон кој е интегриран со вашиот Windows компјутер.

Asus ќе го пушти во продажба Zenbook Pro15  на средината од јули.