Football Manager е една од најпопуларните спортски видео игри, а сега ќе оди чекор понатаму.

Претходно беше ветено големо графичко подобрување додека се сели на новиот „камен-темелник“ – Unity Engine, но тоа сепак ќе се случи следната година.

Според тоа, овосезонското издание сепак ќе ја користи постоечката технологија, но збогувањето со старата графика нема да помине без некои подобрувања.

Во новиот трејлер за FM 2024 е потврдено дека ќе видиме промени во системот за осветлување, градацијата на боите и анимациите на фудбалерите.

Се на се, полесно ќе се препознае времето од денот и временските услови, а ќе видиме и некои нови потези на играчот, пореално одбивање на топката и слично.