Microsoft Edge е се попопуларен, поради што се искачи на второто место на листат на најпопуларните интернет прегледници, веднаш после Google Chrome. И Edge и Chrome се засноваат на Chromium, така што има сличности, но се повеќе корисници се трудат да ги избегнат сервисите на Google и така да ја заштитат својата приватност.

Edge во последните неколку месеци ги бомбардира корисниците со нови опции, така што одреден пристигнаа и со верзијата Edge 85. Многуте нови функции им се наменети на оние кои работат од дома, како и за едукација, бидејќи многу училишта поради пандемијата преминаа на онлајн програми. Меѓу попопуларните функции се најде Collections, која овозможува собирање, делење и организирање содржини од интернет, а сега добива и дополнителни можности преку функцијата „Collections send to OneNote“, што значи дека корисниците своите колекции можат да ги испраќаат во One Note, но и во Word и Excel.

Тука се и опциите кои водат сметка за безбедноста на децата на интернет, односно родителите добиваа извештаи за тоа кои сајтови ги посетуваат децата и кои клучни зборови најчесто ги внесуваат при пребарувањето. InPrivate е блокира во Edge, со цел децата да останат безбедни и заштитени од непожелни резултати на пребарување.