Lenovo изгледа стана првата компанија што го најави Intel Alder Lake PC системот. Компанијата откри дека Legion 9000K 2022 компјутерот ќе користи процесор од 12. генерација.

Legion 9000K 2022 ќе поддржува DDR5 меморија, како и PCIe 5.0, што значи дека најверојатно се испорачува со Intel Z690 матична плоча. Графичкиот процесор, кој е наведен на промо слајдот е GeForce RTX 3080 Ti.

Се очекува дека Legion 9000K 2022 PC ќе биде достапен од 29 октомври, а ова веројатно се однесува на претпродажбата. Intel Alder Lake-S процесорите се очекуваат истиот ден, но ќе се испорачуваат од 4. ноември, кога производите со овој процесор ќе почнат да се појавуваат на пазарот.