Резултатите од новата студија од Универзитетот во Сао Паоло во Бразил откриле зошто некои луѓе се природно отпорни на коронавирусот.

Студијата од паровите во кои и двајцата партнери биле изложени на коронавирусот, но само еден од нив бил заразен, помага во одговорот на прашањето зошто некои луѓе природно се отпорни на овој вирус.

Научниците верувале дека таквите случаи се ретки, но повикот за волонтирање на оние кои одговараат на тој профил резултирал со одзив на околу илјада парови.

Во рамките на истражувањата се земени примероци од крв на 86 парови поради детална анализа.

Резултатите укажуваат на тоа дека резистентните партнери почесто имаат гени кои придонесуваат на поефикасна активација на т.н. клетки природни убијци кои се дел од почетниот одговор на имуниот систем.

„Кога тие исправно ќе се активираат, можат да ги препознаат и уништат заразените клетки, спречувајќи развој на болеста“, објасниле научниците во нивната студија објавена во списанието „Frontiers in Immunology“.

„Нашата хипотеза е дека геномските варијанти кои најчесто се наоѓаат кај сопружникот подложен на инфекција доведуваат до произведување на молекули кои инхибираат активација на овие клетки“, изјавила авторката на студијата Мајана Затз од Универзитетот Сао Паоло во Бразил.

Дури и доколку тој заклучок се потврди со повеќе истражувања, треба да се истражи и придонесот односно влијанието на другите имуни механизми, изјавиле научниците.

Извор: B92.net