Откако минатата година ја воведе опцијата за допишување помеѓу Messenger и Instagram, Facebook носи нови корисни иновации, вклучувајќи групни разговори меѓу двете апликации.

Новата опција ќе ви овозможи да креирате групни разговори со контактите и на Messenger и на Instagram, а корисниците на директните пораки на Instagram исто така ќе имаат пристап до анкетите како оние во Messenger, како и cross-app групни разговори доколку членовите на групата сакаат да одлучат каде да јаде пица и слично.

Instagram, исто така, доби ексклузивна нова функција наречена Watch Together, а за да ја користите, треба да започнете видео разговор на Instagram, да ја пронајдете објавата што сакате да ја споделите и потоа да кликнете на копчето за споделување и опцијата Watch Together. Исто така, Instagram додаде некои нови содржини од американскиот диџеј Стив Аоки, американскиот музичар Тревис Баркер и американската раперка Карди Би.

Меѓу другите новитети се и индикатори за пишување во cross-app групните разговори за директни пораки на Messenger и Instagram. Facebook создаде и нови теми за разговори, AR ефекти и стикери.

Новите функции се веќе достапни за многу корисници на Instagram и Messenger.

Извор: Klix.ba