Американската вселенска агенција одлучи да го одложи 14. лет на хеликоптерот Ingenuity на Марс, односно ќе почека помирен период пред да се обиде повторно.
Ingenuity веќе ги исполни сите очекувања, а сега ќе паузира пред да се обиде повторно да лета. Хеликоптерот требаше да лета на 18 септември, но тоа се одложи.
Од NASA велат дека при проверка е откриена аномалија кај два мотора за контрола на летот. Откажувањето на летот значи дека хеликоптерот нема да се обиде да лета до средината на октомври, а причина е и продолженото одложување поради соларна конјукција на Марс, време кога Земјата и Марс се спротивно еден од друг, додека Сонцето е меѓу нив.
Таквата ситуација може да предизвика проблеми меѓу Земјата и роверите на Црвената планета.
Хеликоптерот сега се соочува и со временски предизвици на Марс поради промена на годишното доба, па ќе мора да направи одредени адаптирања во летот поради густината на атмосферата.
Извор: Klix.ba