Компанијата Samsung го претстави својот најнов монитор: 24-инчниот Webcam Monitor S4, кој е дизајниран да ги задоволи потребите на хибридната работа на корисниците.

Мониторот има вградена веб камера, звучник и микрофон, што им олеснува на корисниците да се поврзат и да соработуваат. Со 2.0MP FHD камера и инфрацрвена камера, S4 ги задоволува спецификациите потребни за креирање конференциски позиции и учество на виртуелни состаноци. Pop-up камерата се открива така што ќе се притисне долу во мониторот, по што се издигнува и може да се користи за видео конференции и други активности.

Samsung S4 мониторот е Windows Hello сертификуван, а корисниците можат да го отклучат својот компјутер за помалку од две секунди. Биометриските сензори се активираат и го скенираат лицето на корисниците, а нема потреба од внесување лозинка, што овозможува лесен и брз пристап до содржините.

Webcam Monitor S4 има FullHD (1920 x 1080p) резолуција и нуди агли на гледање од 178 степени. Мониторот може да функционира и како USB хаб, за поврзување на лаптопи и други уреди во исто време.

Монитор го красат flicker-free, low blue light функции преку TUV Rheinland сертификар. Тука се два вградени стерео звучници од 2W за подобро искуство на звукот во текот на аудио и видео конференции и преглед на видеа. Од опциите на конекции Samsung Webcam Monitor S4 нуди HDMI, DisplayPort, D-Sub и Audio конектори.