До средината на октомври, американската вселенска агенција NASA ќе ги запре мисиите на Црвената планета, додека Земјата и Марс се наоѓаат на различни страни од Сонцето.
NASA соопшти дека иако инженерите ќе престанат да испраќаат наредби, мисиите ќе продолжат со собирање податоци на Марс за време на соларната конјукција, што се случува на секои две години.
За време на соларната конјукција, гасот исфрлен од Сонцето може да им пречи на радиосигналите ако инженерите се обидат да комуницираат со вселенските летала на Марс.
Тоа може да ги попречи наредбите и да даде неочекувани резултати од истражувањата во длабоката вселена, изјавија од Агенцијата.
„Иако нашите мисии на Марс нема да бидат толку активни во следните неколку недели, сепак ќе бидеме известени за настаните“, изјави Рој Гладен од NASA.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли