Што може да очекува Македонија по ослободувањето на директорката за финансии на Huawei, Менг Вангжоу
Главната директорка за финансии (CFO) на Huawei, Менг Вангжоу, ќерка на основачот на Huawei, Рен Женгфеи, која помина речиси три години во домашен притвор во Канада, се врати дома доцна во саботата, ставајќи крај на долгата борба за нејзина екстрадиција во Соединетите држави. Нејзината правна битка ги заостри односите меѓу Кина, САД и Канада, особено откако Пекинг приведе двајца Канаѓани – потег што нашироко се толкува како политичка одмазда.
Во петокот на Менг и беше дозволено да си оди дома, откако постигна договор со Министерството за правда на САД, да се одложи нејзиното гонење до крајот на 2022 година, по што ќе може да се отфрлат обвиненијата. Неколку часа по нејзиното ослободување, двајцата Канаѓани, приведени од Кина, исто така, беа ослободени.
Адвокатот на Менг, Вилијам В. Тејлор, III изјави: „Многу сум задоволен што Сабрина Менг и Министерството за правда на САД постигнаа одложен договор за гонење (DPA), кој беше одобрен од судијата Донели. Според условите на овој договор, таа нема да биде кривично гонета во САД и постапката за екстрадиција во Канада ќе биде прекината. Таа не се изјасни за виновна и целосно очекуваме дека обвинението ќе биде отфрлено по четиринаесет месеци. Сега таа ќе може слободно да се врати дома за да биде со своето семејство “.
Ослободувањето на шефот за финансии на Huawei отстрани едно од најспорните прашања што ги нарушува односите меѓу Кина и САД. Кинеските аналитичари сметаат дека со ова се отвори пат за понатамошна соработка во други прашања, вклучително и отстранување на казнените тарифи воведени од Доналд Трамп во 2018 година.
Претходно, американската трговска претставничка Кетрин Таи рече дека Белата куќа сè уште спроведува „темелна стратешка проценка за изработка на еластична трговска политика“.
Деловните групи во САД, исто така, повикаа на укинување на царините, чие воведување според нив, наштети на американската економија.
Аналитичарите предвидуваат дека вратата за разговори „за отстранување или делумно отстранување на царините“ ќе се отвори наскоро, можеби веќе следниот месец на маргините на самитот на Г20, иако останува нејасно дали кинескиот претседател Си Џипинг ќе присуствува лично и ќе се сретне со неговиот Американскиот колега eо Бајден.