Осмото хибридно издание на Глобалниот форум за тутун и никотин (GTNF 2021) опфати широк спектар на теми од областа на регулативата, науката и политиките за заштита на потрошувачите кои се потенцијално релевантни за тутунската индустрија.

Иднината на тутунската индустрија, промената во потрошувачките навики, драстичното затегнување на регулативите на светско ниво, борбата против дезинформациите, примената на науката и иновативни решенија според упатствата на регулаторите, како и „најжешките“ теми во моментов – намалениот ризик и тутунските алтернативи беа во фокусот на осмото издание на Глобалниот форум за тутун и никотин (GTNF) што оваа година се одржа во Лондон.

На конференцијата се собраа околу 50 научници од различни области поврзани со тутунот и никотинот, кои имаа можност да разменат мислења и ставови за различни теми. Секој од нив носи поинаква перспектива за производите за намалување на ризикот од користењето на тутунските производи. GTNF 2021 опфати широк спектар на теми од областа на регулативата, науката и политиките за заштита на потрошувачите кои се потенцијално релевантни за тутунската индустрија.

Една од идеите кои се наметнува и со кои се согласни речиси сите учесници на панелот е реагирањето на регулаторните органи: забраната за пушење на јавни мести, зголемување на даноците и стигматизација на пушачите. Овие мерки можат до одредена мерка да придонесат, но се јавува прашање за стигматизација која претставува етички проблем, бидејќи никотинот не е главниот причинител на болестите поврзани со пушењето, туку тоа е чадот од тутунот. Од друга страна, никотинот исто така не е без ризик и предизвикува зависност. Неопходно е да се поттикне поширока едукација на луѓето дека едно од решенијата за престанок на пушењето е преминот на современите уреди кои испорачуваат никотин на помалку штетен начин во споредба со цигарите.

Научниците и експертите кои говореа на форумот ја нагласија потребата дека за 1,1 милијарда возрасни лица кои не можат да се откажат од пушењето треба да им се понуди помалку штетна алтернатива како што се ‘вејп’ производите (електронски цигари), никотински фластери и производи кои не го согоруваат, туку го загреваат тутунот. Оттука, пристапот за намалување на штетните состојки од користењето на тутунските производи треба да го добие своето заслужено признание од страна на креаторите на политиките и владите на глобално ниво.

Еден од говорниците на форумот беше и Жизел Бејкер, потпретседател за глобален научен ангажман компанијата Филип Морис Интернешнл, која посебно го истакна влијанието на дезинформациите во борбата за откажување од пушење и преминот на безтутунски алтернативи и електронски цигари.

„Од кога работам во Филип Морис, девет години се фокусирам на борбата против дезинформациите. Сакаме да покажеме дека научните достигнувања демострираат дека производите имаат потенцијал да ја намалат штетата од тутунот и пушењето. Намалувањето на штетата за населението е еднаква со намалување на штетата за индивидуите. За да биде точно ова равенство, битен е и делот за префрлање на пушачите кон други производи. Успехот во намалувањето на штетите од тутунот бара возрасните пушачи да имаат пристап до точни информации за подобри алтернативи на цигарите – за да можат пушачите да преминат на нив“, нагласи Бејкер.

Според Жизел, најважен фактор во моментов, што најдобро го покажа и пандемијата, се дезинформациите во јавноста и нивното влијание врз индивидуалниот ризик на некој производ. „Доколку се каже дека нешто содржи отровни супстанци, а всушност не содржи, и натаму ќе има влијание врз здравјето на луѓето, но ако им кажете на луѓето дека не ја намалува штетата, а всушност влијае врз намалувањето и поради тоа луѓето не се префрлат, ќе има огромно влијание врз штетата врз населението“.

Бејкер посебно ги потенцираше дезинформациите за здравјето, односно тврдењаа кои се погрешни во однос на научниот консензус. Се работи за информации кои претставуваат предизвик за комуникацијата за здравјето, вклучувајќи контрадикторни или конфликтни пронајдоци, променливи докази и информации кои содржат висок степен на несигурност.

„Треба да ги истражиме областите за подобрување на политиката како одговор на погрешните информации во областа на здравјето, а за тоа е потребен засилен надзор и

можноста да ги разбереме психолошките, социолошките и емотивните двигатели на овие дезинформации, како и на улогата и влијанието на когнитивните предрасуди. Сите знаат дека пушењето е штетно и може да предизвика најразлични болести и смрт, па кога луѓето ќе слушнат електронски цигари, мислат дека ризикот и штетноста се исти. Тоа е една од предрасудите и дезинформациите против која е насочена оваа битка“, истакна Жизел Бејкер.