Американската технолошка компанија Google, дел од Alphabet Inc., склучи договор со францускиот Carrefour SA за онлајн продажба на намирници во Франција. Според француската компанија, за прв пат свежа храна ќе биде ставена на пазарот преку платформи на интернет-гигантот, објави „Блумберг“.

До почетокот на 2019 година француските купувачи ќе можат да купуваат производи на Carrefour преку платформи на Google, вклучувајќи Google Home, Google Assistant и платформата за шопинг на Google во Франција, изјави трговецот на мало во соопштението. „Carrefour“ не коментира за финансиската структура на договорот.

Конкуренцијата во француската трговија на мало е во подем, бидејќи трговците на мало се борат да ги зголемат своите дигитални понуди. „Casino Guichard Perrachon SA“ објави во март зделка за продажба на производи од продавниците „Monoprix“ (најголемиот француски синџир) преку услугата Prime на Amazon.com Inc. во реонот на Париз. Една година претходно, Казино направи сличен договор со британскиот онлајн продавач на храна Ocado Group Plc.

Откако минатото лето ја презеде функцијата на извршен директор на „Carrefour“, Александар Бомпар најави дека ќе ја претвори компанијата лидер во областа на електронската трговија и ќе ја намали зависноста нејзина од приградските големи продавници во Франција.

„Овој договор го трансформира „Carrefour“ во обид да стане лидер во електронската трговија“, вели Мари Шафал, шеф на одделот за дигитална трансформација на компанијата. „Храна за прв пат ќе се продава преку интерфејсите на Google во Франција, а за прв пат во светот, станува збор за свежа храна“.