Сите со нетрпение ја очекуваат премиерата на првиот паметен телефон со екран на преклопување со Motorola кој ќе ја продолжи легендарната серија Razr.

Лансирањето на уредот е закажано за 13 ноември, а во меѓувреме Mobielkopen и Иван Блас (@evleaks) споделија официјални рендери.

Од фотографиите може да де види дека уредот ќе има релативно густа конструкција, што е очекувно, со оглед дека се користи дисплеј на преклоп и се бара посебна шарка за да се обезбеди структурна јачина.

Сепак, изгледа дека Razr ќе биде потенок од Samsung Galaxy Fold. Очекуваните карактеристики на паметниот телефон вклучуваат чипсет Snapdragon 710, 4/6 GB RAM меморија, 64/128 GB меморија и батерија од 2730 mAh. Главниот дисплеј ќе биде дијагонален од 6,2 инчи и резолуција од 876 x 2142 пиксели, додека надворешниот дисплеј ќе нуди 600 x 800 пиксели.

Се вели дека цената на паметниот телефон ќе биде 1500 долари, а следната година треба да се појави во Европа.